До пладне гори на 16 места во земјава

296
Според Центарот за управување со кризи, пожари има на 16 места во земјава, од нив активни се 8, а под контрола се вкупно 5. Гори во Чучер Сандево, помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар). Потоа во Прилепско гори кај с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума), во Македонски Брод пожар има помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (дабова шума и грмушки), кај селото Рамне и Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков) и кај Слатина (мешана шума). Во Чашка активен е пожарот под Солунска глава, Изворите на Бабуна (само чад, шумски пожар), потоа  Дојран кај с.Николич (нискостеблеста шума) и Крива Паланка пожар има кај с.Градец  гори шума и сува трева. Од ЦУК информираат дека пожарите во Ѓорче Петров кај с.Орман, Гази Баба кај Смилковско Езеро, депонијата во Шутка, КОчани и Делчево се ставени под контрола. Целосно е изгаснат пожарот во Делчевско, Желино и населбата Средорек во Куманово.

ИЗДВОЕНИ