понеделник, февруари 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА До јуни ќе се знае судбината на „пржинската влада“

До јуни ќе се знае судбината на „пржинската влада“

177

До јуни следната година ќе се знае дали и натаму ќе постои „пржинска влада“, која се практикува 100 дена пред парламентарните избори, најави денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

– Планираме да донесеме и нов закон за Владата. Во него треба да има и решение за тоа каква влада ќе имаме пред парламентарните избори. По Нова година, ќе упатам покана до политичките партии за да се изјаснат околу натамошното постоење на „пржинската влада“. Односно да кажат дали да се укине таа и изборите да ги организира владата што е на власт или, пак, да се договорат кои од новите министерства да ги добие опозицијата со министерски или со дополнителни министерски места – објасни Минчев на денешниот брифинг со новинари. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ