Јавниот повик за прием на 400 лица по владината мерка за поддршка против пожарите, завршува во четврток. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов ги повика сите заинтересирани да се пријават.

– Ги повикувам сите заинтересирани лица, кои се заинтересирани за оваа владина мерка, најдоцна до четврток да поднесат апликација во локалниот центар за вработување, во кој било град во државата. Таму ќе ги пополнат потребните документи. Значајно е дека со нив треба да носат потврда, медицинска потврда од матичниот доктор, во која се потврдува дека не боледуваат од тешки болести, кои би им пречеле во работењето на оваа исклучително одговорна задача – рече Ангелов и додаде дека од овие 400, најдобрите ќе бидат избрани за трајно вработување како пожарникари.

Во Градот Скопје апликацијата треба да се поднесе во Општината Кисела Вода, но во локалниот Центар за вработување, а за главниот град се бараат 80 луѓе.

– По деветдневна битка со огнената стихија, конечно е ставен под контрола пожарот над село Николич, оставајќи зад себе пустош, информираше заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов.

Тој посочи дека денеска некаде пред 15 часот од удар на гром се запали планината Беласица на грчка територија, во близина на тромеѓата меѓу Македонија, Грција и Бугарија.

ИЗДВОЕНИ