Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.
Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84 отсто, Дојран 60,91, Крушево 60,94 и Лозово 61,09 отсто. Најмала е излезноста во општината Врапчиште каде што гласале само 20,94 отсто од запишаните изборачи.
Државната изборна комисија информира дека избирачките одбори треба да им овозможат на новинарите непречено да известуваат за процесот на гласање и да не ги попречуваат да фотографираат на изборните места.
„Новинарите од домашните медиуми, за разлика од странските новинари и набљудувачите не мораат да бидат акредитирани од ДИК“, посочуваат од Комисијата.