До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список, соопшти Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи.
Најголема излезност има во:
Вевчани 61,84 %
Дебарца 53,41 %
Демир Капија 57,65 %
Дојран 60,91 %
Зелениково 52,77 %
Карбинци 50,25 %
Конче 55,13 %
Крива Паланка 56,01 %
Излезеноста во скопските општини до 17 часот:
Аеродром е 39,32 %
Бутел 42,29 %
Гази Баба 35,55 %
Ѓорче Петров 37,73 %
Карпош 42,86 %
Кисела Вода 39,37 %
Сарај 47,94 %
Центар 42,35 %
Чаир 45,09 %
Шуро Oризари 30,38 %
Претставниците на ДИК истакнаа дека процесот на гласање се одвива мирно и без значителни нарушувања на повеќето избирачки места. Комисијата продолжува со следење на изборниот процес и очекува конечни податоци за излезноста и резултатите по затворањето на избирачките места.