Јавниот повик за финансиска поддршка за пензионерите од Општина Бутел е продолжен до 13 јули. Како што информираат од локалната самоуправа, право на финансиска поддршка можат да остварат граѓани што имаат постојано живеалиште на територијата на Општина Бутел, како и приматели на старосна, семејна или на инвалидска пензија чиј износ не е повисок од 21.909 денари.
Јавниот повик е отворен од 19.6.2025 година.
– Исплатата ќе биде на принципот „прв дојден – прв услужен“ – потсетуваат од Општина Бутел.