понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Дмитриј Медведев: Не сме заинтересирани за глобален конфликт, не сме луди

Дмитриј Медведев: Не сме заинтересирани за глобален конфликт, не сме луди

14

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека Москва нема интерес да разгори глобален конфликт, исто како што немала интерес да ја почне специјалната воена операција во Украина.

– Секако, не сме заинтересирани за глобален конфликт. Не сме луди. Ова е кажано стопати. Кому му треба глобален конфликт?, рече Медведев во интервју за ТАСС, „Ројтерс“ и проектот „Варгонзо“, потсетувајќи дека руското раководство постојано ги предупредувало Западот и земјите од НАТО, повикувајќи ги да ги земат предвид интересите на Русија и да седнат на преговарачка маса, пренесе „Танјуг“.

Како што вели тој, глобалната состојба би можела да доведе до ситуација каде што сè би можело да излезе од контрола во одреден момент, а опасноста од глобална војна е многу голема.

ИЗДВОЕНИ