– За да се утврди што точно тече во Вардар, побарање на Општина Зелениково, екипи на Институтот за јавно здравје веднаш зедоа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите, кои ќе бидат готови наредната недела и доставени до ДИЖС, треба да покажат дали се работи за детергенти, индустриски хемикалии или друг вид опасен или неопасен отпад. Бидејќи системите за одведување отпадни води се меѓусебно поврзани, се разгледува можноста настанот да е поврзан со пената што се појави пред неколку дена, во Општина Гази Баба, инцидент предизвикан од приватен автосервис кај клучката Ченто, кој ќе биде санкциониран согласно со надлежностите на Инспекторатот на Град Скопје – соопштија од ДИЖС

 

За една недела ќе биде познато што се случило точно во петокот изутрината, кога одводниот канал кај селото Таор, во Општина Зелениково, кој се влева во реката Вардар, бил целосно прекриен со густа, бела пена. Ова го најавија од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) по вонредниот инспекциски надзор спроведен на терен, во текот на вчерашното попладне.

– За да се утврди што тече точно во Вардар, по барање на Општина Зелениково, екипи на Институтот за јавно здравје веднаш зедоа мостри од водата и од сомнителната пена за хемиска анализа. Резултатите, кои ќе бидат готови наредната недела и доставени до ДИЖС, треба да покажат дали се работи за детергенти, индустриски хемикалии или за друг вид опасен или неопасен отпад. Бидејќи системите за одведување отпадни води се меѓусебно поврзани, се разгледува можноста настанот да е поврзан со пената што се појави пред неколку дена во Општина Гази Баба, инцидент предизвикан од приватен автосервис кај клучката Ченто, кој ќе биде санкциониран согласно со надлежностите на Инспекторатот на Град Скопје – соопштија од ДИЖС.

Инцидентот, регистриран на 21 ноември, според Инспекторатот, се случил веднаш по активирањето на пумпите за отпадни води од системот на Скопско Поле, кога визуелно било утврдено можно сериозно хемиско загадување на Вардар.

Општина Зелениково и АД „Водостопанство“, согласно со надлежностите тогаш, како што информираа, веднаш излегле на терен за да извршат увид и за да ја координираат постапката со надлежните институции за понатамошно постапување.

Дополнително, на барање од Општина Зелениково, од Институтот за јавно здравје биле земени примероци од пената и од водата, со цел утврдување на составот и на можните извори на загадување. Воедно, поднесена е пријава и во Државниот инспекторат за животна средина за негово постапување, како највисок орган за заштита на животната средина.

Од Општината Зелениково наведоа дека ќе ја информираат јавноста веднаш по добивањето на резултатите и за понатамошните насоки за постапување.

Овој систем ги собира отпадните води од поширокиот регион што ги опфаќа општините Гази Баба, Арачиново, Илинден и Петровец, подрачје со индустриски капацитети и со земјоделски површини. Пената била расчистена во петокот, во попладневните часови.

Ваков инцидент, пред шест дена, се случи и во Автокоманда, каде што од средишната шахта на булеварот „Александар Македонски“ беше забележано масивно истекување на хемиска пена на јавна површина. Тогаш надлежните институции веднаш постапија. Беа земени мостри од шахтата, од површината на булеварот, како и од„ пеноматот“ во сопственост на правното лице.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ