Драматични сцени се случија вчера на Попова Шапка, каде ренџерите на Националниот парк „Шар Планина“ се нашле лице в лице со опасност по животот. Обид за рутинска контрола се претвори во тензичен инцидент кога оператор, без дозвола и договор со Паркот, извршувал туристичка дејност со пет ратраци на државно земјиште, директно попречувајќи ги службените лица.
– Нелегитимните постапки на операторот создадоа директен ризик за животот и безбедноста на вработените, со што беше оневозможено спроведувањето на задачите – соопштија од ЈУ НП „Шар Планина“.
Веднаш по откривањето на прекршокот, на операторот му беше изречена забрана за движење со ратраците. Од Паркот потсетуваат дека движењето со овие возила е дозволено само во зоните за активно управување и исклучиво со претходно склучен договор со институцијата, со цел заштита на природата и биодиверзитетот.
По инцидентот веднаш е изречена забрана за движење на ратраците на операторот, а Националниот парк ќе поднесе пријави до Министерството за внатрешни работи и Државниот инспекторат за животна средина.
Од Парковите потсетуваат дека скијањето со ратраци е дозволено само во зоните за активно управување, додека во строгите заштитени зони е целосно забрането. Операторите задолжително мора да имаат склучено договор со Јавната установа за да се регулира движењето и да се заштити природното богатство и биодиверзитетот.
Ренџерската служба најави дека контролите ќе продолжат со зголемен интензитет, со цел да се спречи уништување на природата и да се обезбеди безбедноста на вработените на теренот.












