среда, февруари 4, 2026
Дома СКОПСКА Дивата „монструм“ депонија во Шуто Оризари да се отстрани, да се казнат...

Дивата „монструм“ депонија во Шуто Оризари да се отстрани, да се казнат сторителите

902

Градските советници од партијата Левица, како и Зелениот сектор, поднесоа барања до Град Скопје, Државниот инспекторат за животна средина, како и до Општина Шуто Оризари, да испратат надлежни лица и инспектори за да ја отстранат, како што велат, најголемата дива депонија во Македонија, која се наоѓа во Шуто Оризари, на само неколку километри од центарот на Скопје. Од Левица – Зелен сектор реагираат дека оваа депонија, која ја нарекуваат монструм, секојдневно расте.

– Бараме итна реакција од надлежните институции, да се казнат тие што ја предизвикале оваа состојба и да се тргне дивата депонија од оваа локација. Дополнително, бараме од министерот за животна средина и просторно планирање,  зет Меџити, да излезе од својата канцеларија и да ги согледа состојбите во Македонија. Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со еколошки катастрофи, од запалени депонии до загаден воздух, загадени реки и езера. Ако не знае да се справи со овие катастрофи, време е да си поднесе оставка, затоа што не се во опасност само природните живеалишта туку и здравјето на луѓето – нагласи Андреј Куцуловски, координатор на Левица – Зелен сектор.

 

ИЗДВОЕНИ