петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на...

Директорот на Фондот на ПИОСМ се сретна со шефот на Мисијата на Светска банка

65

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а што е дел од СИАП проектот и пензиската политика.

Беше речено дека во наредниот период ќе се интензивираат активностите за да може дигитализацијата на архивата да се реализира до средината на наредната 2026 година, бидејќи  е од особена важност за обезбедување на квалитетна база на податоци за осигурениците и ќе придонесе во поефикасното работење на Фондот.

Исто така на состанокот стана збор и за статусот на актуарската единица која треба да се воспостави во наредниот период и активностите потребни за заживување на целиот процес.

Директорот Мемов, нагласи дека во најкус рок лицата кои имаат дел од потребните обуки ќе продолжат со истите и ќе бидат вклучени во процесот на работа во Фондот со цел правење на проекции и предвидувања за развојот на пензискиот систем во иднина.

Наредната средба со претставниците на Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика ќе се одржи наесен.

ИЗДВОЕНИ