петок, јануари 16, 2026
Дома БАЛКАН Дипломатски скандал избегнат за влакно: Италијанските медиуми известуваат дека полицијата го помешала...

Дипломатски скандал избегнат за влакно: Италијанските медиуми известуваат дека полицијата го помешала српскиот козул со бегалец

738
Фото:википедија
Во Трст речиси се случи дипломатски скандал, како што пишуваат италијанските медиуми, во кој биле вклучени полицијата и српскиот конзул.

Имено, како што наведува Telefriuli, за време на полициска акција дошло до замена на идентитетот. Мажот за кој се верувалио дека е сериозен бегалец бил запрен поради контрола. А всушност, лицето за кое се верувало дека е опасен бегалец бил српскиот козул во Трст.

Случајот, за кој пишува „Телефриули“’ се случил на 6-ти ајнуари, во пресрет на православниот Божик. Се се случило пред црквата „Света Троица“, на неколку чекори од каналот Понтеросо, каде што се одржуваат богослужбените прослави по повод празникот. Пред црквата, чејаќи го крајот на службата, биле распоредени лица од италијанската државна полиција во координација со „Итерпол“. Имено, било пријавено дека во Трст, токму по повод празникот, е присутен опасен српски бегалец, баран низ Европа. Информациите укажувале дека се наоѓа на литургија, наведува медиумот.

Полицијата го чекала пред црквата. И штом излегол, веднаш поради контрола било запрено лицето кое многу личело на бараниот криминалец – по цртите на лицето и по други детали – на лицето од фотографијата од потерницата. Меѓутоа, станувало збор за вршителот на должност конзул на Република Србија во Трст, Никола Пауновиќ, се наведува во текстот. Брзите проверки кои биле извршени го потврдиле вистинскиот идентитет на конзулот и целиот случај бил затворен со официјално извинување кое му било врачено на дипломатскиот функционер, наведува „Телефруили“.

ИЗДВОЕНИ