Екипата на Хапоел од Тел Авив го освои Еврокупот и ќе игра во Евролигата следната сезона. Димитрис Итудис одлично ја заврши работата со овој тим, но нагласува дека една од главните мисии ќе му биде да се обиде да го издигне клубот над политичката ситуација во земјата.
Како што беше случајот со Макаби во претходните две сезони, Хапоел ќе ги игра своите домашни натпревари во странство. Тој ќе игра во Бугарија, но дури ни тоа не го спречи трофејниот тренер да остане и да ја продолжи оваа потенцијално одлична приказна.
- Решив да почекам до лето. Агенцијата што ме претставува доби понуди, но начинот на кој ми пристапија од Хапоел ми даде дополнителна мотивација да влезам во процесот на обнова на тимот. Решив да се обидам да го направам Хапоел тим што ќе привлече внимание. Во тежок геополитички контекст, тимот ќе се пресели во Бугарија. Со оглед на сè што се случува, приоритет е кошарката. Спортот ги обединува луѓето, а кошарката е пред сè – порача Итудис.