Димитриевски: Сакам да ги завршам отпочнатите проекти во Куманово, задоволен сум од моите министри во Владата

22

Дали сум им здодеал на кумановци, тие ќе кажат на изборите. Моја обврска е да продолжам да го работам тоа што најдобро го знам, сакам да ги завршам отпочнатите проекти, изјави лидерот на Движењето „За наша Македонија“ (ЗНАМ) и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, орговарајќи на прашање „дали им здодеал на кумановци“ со тоа што од нив на локалните избори ќе бара поддршка за трет градоначалнички мандат.

– Ако нешто добро ви оди … а се надевам граѓаните знаат тоа да го препознаат и ќе ја добијам нивната поддршка. Во спротивно, ќе продолжам со секојдневниот живот и со политичкиот активизам, зашто ние како ЗНАМ допрва почнуваме на политичката сцена, една и пол година е стара партијата, рече Димитриевски во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

Посочи дека во првиот мандат финансиски ја стабилизирал, како што рече, најзадолжената општина, а во вториот мандат биле направени неколку капитални проекти во урбани и во рурални средини. Горд е, рече, на големиот дистрибутерски центар на Лидл во Куманово како најголема инвестиција на странски инвеститор во државава.

За овие локални избори договорено е поддршка да има од ВМРО-ДПМНЕ која во Куманово и во Центар ќе нема свој кандидат иќе ги поддржи кандидатите за градоначалник што ги предлага ЗНАМ. Како што рече, немаат кандидати за сите општини затоа што, рече, сакаат да победат, не само да учествуваат.

– ЗНАМ не е толку голема партија да ги покрие сите општини … Значи кога имаш поддршка од една таква голема и сериозна политичка партија, додаде Димитриевски.

Верува дека ќе ја задржат поддршката од граѓаните и дека „не постои причина ЗНАМ да ја изгуби поддршката“ што ја добиле на претходните избори.

-Затоа што сметам дека по ниту една основа немаме разочарано никого освен некои поединци кои многу очекуваа на личен план, изјави лидерот на ЗНАМ.

За исходот во албанскиот политички блок, тој не смета дека ДУИ ќе има подобри резултати од Вреди на изборите. Како што рече, сè додека ДУИ однатре не се реформира како политичка партија и „не ги промени сите луѓе што беа епицентарот на криминалот и корупцијата во државата, ДУИ ќе биде третиран на ист начин“.

ИЗДВОЕНИ