Димитриевски: Неопходно е да поставиме основи за добро управување со отпадот, со цел да станеме вистинска европска земја

57

Во поткастот „Радар“ гостуваше Даме Димитриевски, носител на советничка листа на град Скопје.

Димитриевски објасни дека е формирана работна група за намалување на ризиците за палење на шумите, со цел раната детекција и соодветна реакција.

„Се формираше голема работна група поврзана со намалување на ризиците за палање на шумите, и утврдија во таа група, дека има можност да се унапреди овој систем, прво во раната детекција и се поставија неколку такви системи за рана детекција, се ангажираа луѓето коишто се задолжени да носат средства или да побаруваат средства од странски фондации за да се подобри овој систем, се работи интензивно на подобрување на системот на реакција на пожарите, се направија триесеттина нови шумски возила, претходно имавме едно со тој капацитет, сега имаме 31, нешто се подобрува во системот“, рече Димитриевски.

Димитриевски потенцираше дека од самиот почетокот на пожарите во Април месец, повеќе од 200 се подметнати од човек, и дека повеќе од 50% од пожарите во Македонија се последица од немарното однесување на поединци.

„Во Април годинава почнаа пожарите и на примерок од 400 започнати шумски пожари, повеќе од 200 беа започнати од човек, повеќе од 50% од шумските пожари во Македонија се директно како последица на немарно или лошо однесување на поединците“, рече Димитриевски.

 

ИЗДВОЕНИ