Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во изминатите два дена на покана на Серик Жумангарин, заменик премиер и министер за национална економија на Република Казахстан присуствувал на меѓународниот Астана форум.
Нивен омаќин при посетата беше амбасадорот на Р.Казахстан во Македонија Н.Е. Сатибалди Буршаков.
– На маргините на Форумот го посетив еден од главните индустриски центри во државата, градот Караганда и во таа прилика остварив средба со акимот на градот Караганда г-дин Меирам Кожухов при што потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и градот Караганда.
Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот, култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др.
– Наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град, објави Димитриевски на фб.
Тој информираше дека следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на претставници од двете држави кој би се одржал во Куманово.