Кандидатот на ЗНАМ за нов градоначалнички мандат во Куманово, Максим Димитриевски, соопшти дека од коалицијата Вреди добил поддршка за вториот круг на локалните избори.
„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези и пратеникот Даниел Стојчевски. Во топлиот и искрен разговор од претставниците на коалицискиот партнер Вреди добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на нашиот град, која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред во остварување на проекти во интерес на сите граѓани на Куманово“ напиша Димитриевски на Фејсбук.
Се заблагодари на сите кои, како што посочи, ја препознаваат и ја поддржуваат визијата за иднината на Куманово и на Македонија.
„Заедно ќе продолжиме да го градиме нашиот град и да работиме во интерес на наши кумановчани“, напиша Димитриевски.