Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 %. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вели дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација.
– Ја променивме методологијата во начинот на евидентирање на капиталните расходи, но и покрај тоа, годинава (заклучно со 13 ноември) имаме реализација од 22 милијарди и 151 милион денари, наспроти 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, доколку ги додадеме или ја приспособиме методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди или тоа е 47,4 % повеќе – рече Димитриеска-Кочоска.












