Историски високи приходи во буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултатите, уште во првата година од мандатот, наведува министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, на својот фејсбук- профил.
Таа нагласува дека во јули, споредено со тој месец лани, приходите од даноци и придонеси забележале раст од 7,4 отсто, приходите од акцизи – раст од 5,7 проценти, а приходите од увозните давачки – раст од 19,2 отсто.
– Ова се резултати од ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и со грижа за секој денар на граѓаните – подвлекува министерката.