Диктиран мир во Украина нема да има, порача Мерц

28
EPA/SERGEY DOLZHENKO

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека не може да има „диктиран мир“ во Украина и дека е во интерес на Германија да има блиски и „рамноправни“ политички односи со Полска во време кога се соочуваат со „заканата од ревизионистичкиот режим на Русија“.

Особено во овие времиња, кога европското единство е под таков притисок, не смееме да дозволиме да бидеме поделени – рече Мерц на заедничка конференција по средбата со полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, објавува Гардијан.

Мерц повика на поблиска соработка во областа на одбраната и безбедноста, вклучително и одбрана на источниот крило на НАТО со германски борбени авиони стационирани во Полска и заедничка работа на беспилотни летала.

Тој оцени дека е потребно да се модернизираат прекуграничните железнички врски на двете земји и да се зајакнат другите транспортни иницијативи.

Тој изјави дека е потребна поблиска координација кога станува збор за мировни преговори за Украина.

ИЗДВОЕНИ