ДИК: Излезноста на изборите до 09.15 часот е три отсто – следниот пресек на излезност ќе биде објавен во текот на претпладнето

33

Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.

„До 09:15 минути, од вкупниот број на избирачкиот список, бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци е 76,71%, каде што се запишани вкупно 1.394.158 граѓани“, изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Според податоците по општини, излезноста се движи различно:

во Битола излегле 3,38%,

во Боговиње 1,28%,

во Бутел 3,36%,

во Врапчиште 0,70%,

во Гевгелија 4,30%,

во Гостивар 1,71%,

а во Градско 5,61% од гласачите.

Од ДИК најавија дека следниот пресек на излезност ќе биде објавен во текот на претпладнето.

ИЗДВОЕНИ