ДИК: Излезеноста до 13 часот е 18,05 отсто, помала е во споредба со првиот круг

91

Излезноста во вториот круг од локалните избори е 19,96 отсто на територија на целата држава, додека најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.

За Скопје излезноста е 15,28 отсто, додека во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел до околу 22 отсто во Центар и Карпош.

– Во скопските општини излезеноста е во Аеродром 19,21 отсто, Бутел 13,30, Гази Баба 14,24, Ѓорче Петров 15,92, Карпош 22,14, Кисела Вода 19,57, Сарај 3,58, Центар 21,58, Чаир 5,34 и Шуто Оризари 12,78 проценти. Најголема излезеност за гардоначалник на Скопје има во Карпош, Центар и Кисела Вода, а најмала во Сарај и Чаир, истакна Тодоровска Алексовска од ДИК.

Во останатите општини низ републиката поголема е излезноста во јужните и источните општини, каде излезноста изнесува до 36 отсто, но сепак, во Кочани излезноста до 13 часот е нешто над 18 отсто, а послаба заинтересираност за гласање има и во Куманово, каде процентот е нешто над 13.

-До 13 часот одѕивот во Боговиње е 16,02, Брвеница 29,73, Валандово 25,67, Виница 23,16, Дебар 15,32, Дебарца 26,54, Демир Капија 34,21, Дојран 31,21, Долнени 20,81, Зрновци 27, Кичево 29,37, Конче 28,30, Кочани 18,46, Крушево 34,86, Куманово 13,34, Лозово 34,54, Македонска Каменица 24,64, Македонски Брод 24,99, Могила 18,13, Неготино 24,17, Прбииштип 36,66, Ранковце 31,41, Росоман 27,10, Струга 16,77, Студеничани 16,74, Тетово 19,31, Чешиново-Облешево 27,93 и Чучер Сандево 29,55 проценти – рече Тодоровска Алексовска.

Во западниот дел на земјата крушевчани најмногу излегле на избирачките места со околу 34 отсто, додека излезноста во Струга, Дебар, Боговиње, Тетово е од 13 до 18 отсто. Во Кичево до 13 часот излегле 28,25 отсто од гласачите.

Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 134 124 лица според податоците од 1 279 избиралки места или 93,15 отсто, додека за Скопје гласале 71 849 лица, а податоци се пристигнати од 678 избирачки места или 98,98 отсто.

Досега не се пристигнати пријави за какви било неправилности и нерегуилараности, а за претставки за нарушување на изборниот молк има само информации по кои, истакна Тодоровска Алексовска, постапуват надлежните институции.

-До ДИК се стигнати само информации, во однос на тоа прашање постпауваат надлежните институци, се што треба во однос на ова ДИК би информирала до крајот на денот, истакна портпаролката на прес-конференција.

Таа информира и дека ДИК во 14 часот ќе одржи јавна седница на која ќе се разгледуваат приговори, како и информации за постапката за набљудување на изборите.

ИЗДВОЕНИ