Странските медиуми објавуваат дека трансферот на Луис Дијаз е договорен. Колумбиецот треба да го напушти „Енфилд“ ова лето и да ја продолжи кариерата во Германија. Баерн Минхен наводно постигнал договор со Ливерпул за трансферот.

Според германските медиуми, двете страни веќе постигнале договор и трансферот ќе изнесува 75 милиони евра. Луис Дијаз ќе потпише договор со тимот од „Алијанц Арена“ до 2029 година, за плата од 14 милиони евра по сезона. Така, Дијаз ќе стане третиот најскап играч што некогаш го купил германскиот шампион, по Хари Кејн (95 милиони евра) и Лукас Ернандез (80 милиони евра).

Ливерпул плати 54 милиони евра за да го доведе од Порто во јануари 2022 година. Оттогаш, играчот со прекар „Лучо“ одигра 148 натпревари, постигна 41 гол и имаше 23 асистенции. Колумбиецот има титула во Премиер лигата, еден ФА Куп, еден Суперкуп и два лига купа со Ливерпул.

ИЗДВОЕНИ