„Диџеј Ахмет“, е драма за Ахмет, 15-годишно момче од зафрлено јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта. се менува  Контрастот е меѓу две генерации од кои едната растела во сиромашни услови, а другата со многуподостапни информации и голем пристап до технологија. Тој контраст секогаш ми бил интересен и од таму потекна целата приказна, рече режисерот Унковски образложувајќи ја идејата за филмот

Со проекција на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, а чиј кинематографер е Наум Доксевски, вечерва во Битола ќе се затвори 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“.

По тој повод, дел од екипата на филмот во состав Георги М. Унковски, режисер, Наум Доксевски, кинематографер, Ивана Шекутковска и Иван Унковски, продуценти и Дора Акан Златанова, Агуш Агушев и Ариф Јакуб, кои ги толкуваат главните улоги одржаа прес-конференција на која беше најавено дека од 1 октомври македонската публика ќе може да го види „Диџеј Ахмет“ низ кината во нашата земја.

Дебитанското долгометражно остварување на Унковски кое постигна голем успех на меѓународна сцена, имаше светска премиера и доби две награди на престижниот фестивал „Санденс“ во САД. „Диџеј Ахмет“, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од зафрлено јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг. Во филмот се зборува на турски и македонски јазик.

-Контрастот е меѓу две генерации од кои едната растела во сиромашни услови, а другата со многуподостапни информации и голем пристап до технологија. Тој контраст секогаш ми бил интересен и од таму потекна целата приказна, рече режисерот Унковски образложувајќи ја идејата за филмот.

Кинематограферот Наум Доксевски, пак, истакна дека се соочувале со многу предизвици при снимањето на сцените во филмот каде има животни, но и во различни временски услови, но го освоила енергијата која ја имале на снимањето која на крај резултирала со одличен филм.

-Локациите за нас беа голема инспирација. Уште кога почнавме да го подготвуваме филмот бевме во источниот дел на Македонија. Тие локации се мошне филмични и беа главна алатка за визуелниот јазик. Поминавме доста време во истражување на локациите и тоа се гледа во филмот. Боите на фолклорот на Јуруците за мене како кинематографер беа највпечатливи, особено носиите на жените и тоа ме инспирираше за понатамошто обликување на филмот, додаде кинематограферот Доксевски.

Продуцентите Ивана Шекутковска и Иван Унковски најавија дека од 1 октомври филмот ќе се прикажува во кината низ Македонија, а потсетија и дека ќе има проекција на фестивалот во Лондон. Додадоа дека од следната година „Диџеј Ахмет“ киноприкажување ќе има во цела Европа, Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД.

-На крајот на октомври ќе има премиера во Турција и таму ќе биде прикажан во околку сто кино сали, истакна Шекуткоска.

Дора Акан Златанова, Агуш Агушев и Ариф Јакуб, пак, за толкување на улогите во филмот биле избрани од околу 2.000 деца. Рекоа дека првпат се појавуваат на филм и им била непозната јуручката култура и снимањето филм. Фасцинирани се од тоа дека уште постојат култури кои се еден вид посебен свет. Некои сакаат да продолжат со работа на филм, бидејќи ова било еден вид искуство во кое созреале.

„Тие комплетно го носат филмот на рамена“, истакна режисерот Унковски и им се заблагодари за сработеното.

ИЗДВОЕНИ