Дидактички материјали за четири градинки во Карпош

41

Традиционално, како и секоја година, така и оваа, градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, им додели дидактички материјали и учебни помагала на четирите градинки, кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

Јакимовски истакна дека овие материјали се квалитетно изработени, тие се еколошки и иновативни, со што ќе се овозможи значително подобрување на психомоторниот развој на дечињата кои се воспитуваат и образоваат во детските установи во Карпош.

-Оваа година, издвоивме 300.000 денари од буџетот на локалната самоуправа, да купиме дидактички материјали за нашите најмали жители, и како и секоја година, така и во иднина, планираме да ја продолжиме оваа убава традиција. На тој начин, ќе ги збогатиме сите градинки во нашата Општина со нивните клонови, со навистина потребен број на вакви ефикасни и еколошки учебни материјали, со што на дечињата ќе им овозможиме пријатен престој, но и психофизички развој, преку креативни и иновативни соодветни детски образовни помагала – нагласи Јакимовски.

Директорката на градинката „Орце Николов“, Надица Гировска , од името на сите директорки од градинките на територијата на Општина Карпош, му се заблагодари на градоначалникот за иницијативноста за доделување на ваков вид на дидактички материјали, бидејќи како што истакна, навистина тие придонесуваат за правилен детски развој и пријатен престој во градинките на најмалите карпошани.

 

 

ИЗДВОЕНИ