
Аргентинскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Рома, Пауло Дибала, сериозно размислува за промена на клупската средина на крајот од актуелната сезона. Крилниот напаѓач не крие дека сака еден ден да го облече дресот на аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, а италијанските медиуми додаваат дека Дибала веќе има добиено неколку примамливи понуди од Саудиска Арабија и Катар.











