Од скопската Зоолошка градина известуваат дека има принова кај најмалите мајмунчиња на светот. Еден од паровите џуџести мармозети добил близначиња .
– Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа и двете бебиња сè уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група – соопштија од Зоолошката градина.
Џуџестиот мармозет живее во прашумите на западниот дел на сливот на Амазон во Јужна Америка. Станува збор за специјалист кој се храни со смола.












