Џиновски Дедо Мраз пред просториите на германскиот канцелар: Демонстрации во Берлин против економската политика на владата

23
epa12582326 Members of the Initiative for a New Social Market Economy (INSM) protest with a giant Santa Claus displaying the slogan in German 'No Growth. No Gifts. Carefree holidays need economic growth' prior to a German government cabinet meeting in Berlin, Germany, 10 December 2025. EPA/FILIP SINGER

Демонстрантите се собраа денеска пред просториите на германскиот канцелар во Берлин, поставувајќи огромен Дедо Мраз на надувување за да го изразат  своето незадоволство од економската политика на владата, пренесува „Анадолија“.

„Нема раст, нема подароци. Мирни празните бараат економски раст“, пишуваше на транспарентот на Дедо Мраз.

Собраните порачаа дека Берлин мора итно да го прилагоди својот пристап при сепоизразените знаци на забавување на економијата.

Германската економија забележа пад од 0,2 отсто во вториот кварта, по благиот пораст во првиот, додека третиот квартал донесе стагнација. Високите трошоци за енергија, послабата глобална побарувачка и високите американски царини дополнително ја притискаат индустријата.

Автоиндустријата и понатаму е погодена од недостиг на чипови, а германските компании ги чувствуват и последиците од сепосилното кинеско производство.

Владата ветува излез од стагнацијата преку зголемување на вложувањето во инфраструктурата и во одбраната, но економските ефекти на тие мерки се очекуваат дури во претстојните години.

Берлин на 8-ми октомври ја зголеми прогнозата за раст за 2025 година од 0 на 0,2 отсто, а се предвидува дека економијата ќе порасне ѝ,3 отсто во 2026 година и 1,4 отсто во 2027 година, пред се благодарение на јавната потрошувачка.

ИЗДВОЕНИ