Велес постави нов рекорд. Вештите раце на пита мајсторите подготвија џиновска пита во должина од 4 метри и 30 сантиметри.
Зоранчо Илиевски, Ангел Костов, Виктор Василевски, Лазе Коцевски, Благојче Николов, Горан Костадинов, Кристина Маневска и Александар Јамалов со неговата мотивација и подмладок Калина и Георгиј од фурна „Гемиџии“ ја подготвија оваа пита која во себе содржи 16 килограми брашно, 26,5 килограми тесто, 42 килограми месо и 350 јајца.
– Оваа велешка традиција ја одбележавме заедно со советниците од Советот на Општина Велес, а во соработка со Црвен крст Велес беа собрани средства од продажба на питата кои ќе се употребат за хуманитарни цели – соопштија од Општина Велес.