На роденденот на Михаел Шумахер, се огласи неговото семејство. Неговата ќерка, Џина, објави претходно непозната и невидена фотографија со својот татко, на социјалните мрежи.
На оваа, Михаел е насмеан со својата сопруга, Корина, но и со својата ќерка, Џина, и со синот Мика, кој подоцна, исто така, стана возач на Формула 1.
- Најдобар засекогаш, среќен роденден, тато! – напиша Џина Шумахер.
View this post on Instagram
Најголемиот возач во историјата на Формула 1 имаше несреќа на скијање на француските Алпи, на 29 декември 2013 година. Оттогаш никој не го видел, ниту слушнал за него јавно, а само неговото најблиско семејство и неколкумина најблиски пријатели знаат каква е неговата состојба.
Неговата сопруга, Корина, е најодговорна за ова. Таа се грижи да не протекуваат информации, а имаше секакви обиди да се уценува семејството и да се добијат слики од Шумахер.
- Михаел е различен, но тој е сè уште со нас – рече Корина Шумахер за својот сопруг, а нешто слично слушнавме и од неколкумина пријатели.
Што значи тоа? Можеби, никогаш нема да дознаеме.











