
Се погласни се шпекулациите дека италијанскиот голман, Џиџи Донарума, нема да ја продолжи соработката со новиот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ. Италијанецот има договор со популарните „светци“ до 30. јуни 2026 година, а како што информираат француските медиуми, Џиџи веќе доби понуди од клубови кои се натпреваруваат во Серија А, Премиер лигата и шпанската Ла Лига.