Џиана денеска ќе славеше 19. роденден! Сопругата на Коби Брајант неутешна: Мама те сака, ми недостасуваш незамисливо

210

Ванеса Брајант и оддаде почит на својата ќерка Џиана на нејзиниот 19-ти роденден.

Вдовицата на Коби Брајант, познатиот НБА играч, на својот Инстаграм профил објави слика од својата ќерка во кошаркарски дрес.

„Среќен роденден. Мама те сака и ми недостасуваш повеќе отколку што можев да изразам или замислам“, напишала Ванеса.

Ванеса во бракот со Коби ги има и ќерките Наталија (22), Бјанка (8) и Капри (5).

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња и неговата ќерка Џиана загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година.

Коби имаше 41 година.

ИЗДВОЕНИ