Покрај нивната добра хемија на екранот, Џенифер Анистон и Адам Сандлер го одржуваат и негуваат своето долгогодишно пријателство.
Актерката Џенифер Анистон со години се соочува со прашања од новинарите за родителството. Иако досега вешто избегнуваше многу незгодни прашања, актерката дури неодамна одлучи еднаш засекогаш да одговори на сите сомнежи на медиумите и светот.
Во емотивна исповед, таа зборуваше за долгата борба за потомство, но и за тоа зошто никогаш не би посвоила дете.
„Кога луѓето велат: „Но, можеш да посвоиш“, јас одговарам дека едноставно не сакам да посвојам“, рече 56-годишната ѕвезда од серијата „Пријатели“ и додаде:
„Тоа е единствениот начин. Себично или не, што и да беше – тоа е она што го сакав“, додаде таа.
Во една пригода, таа откри за „Волстрит журнал“ дека има голема поддршка од долгогодишниот пријател и колега Адам Сандлер.
Како што вели, тоа многу ѝ значи, а неговото внимание е повеќе од прекрасно.
Имено, секоја година, на „Денот на мајките“, актерот и неговата сопруга Џеки испраќаат букет цвеќе на адресата на Џенифер.
Тоа е нивниот начин да ја поддржат актерката во нејзината долгогодишна борба за потомство.