Џеки Чен се сретна со Александар Вучиќ: Коja е цената на ангажманот на актерот?/ФОТО

1411
Фото: Instagram Aleksandar Vucic

Холивудскиот актер и нов бренд амбасадор на EXPO 2027, Џеки Чен, дојде во српската престолнина за да се сретне со претседателот Александар Вучиќ.

Откако беше амбасадор на EXPO во Шангај во 2010 година, Џеки Чен ќе биде и амбасадор на специјализираната изложба EXPO 2027, која ќе се одржи за прв пат во Западен Балкан, односно во Белград.

Тој денес се сретна со претседателот на Србија, кој сподели заедничка фотографија на Инстаграм.

Тој верува дека Белград во 2027 година ќе биде место каде што се среќаваат Истокот и Западот.

„Ритамот во боречките вештини е како музика, а раскажувањето во музиката е како филм. Сето ова заедно го носи духот на културата“, рече Чен, пренесоа локалните медиуми.

Цената на ангажманот на Џеки Чен за изложбата EXPO 2027 е непозната, а според достапните извори, цената за слични активности се движи помеѓу 250 и 750 илјади долари, пишуваат медиумите во Србија.

Зошто Џеки Чен?

Џеки Чен е присутен во глобалните кампањи со години – од 2004 година, тој е амбасадор на УНИЦЕФ и активно учествува во иницијативи за заштита на децата, здравјето и животната средина. Иако е роден во Хонг Конг, од неодамна јавно ги фали политиките на Кинеската комунистичка партија и кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Ангажманот на Џеки Чен очигледно ја открива намерата на државата да привлече што е можно повеќе луѓе од Кина на ЕКСПО. Во јуни оваа година, еден од амбасадорите на изложбата ЕКСПО 2027 беше светскиот рекордер во трчање на 1000 метри, Јусеин Болт.

ИЗДВОЕНИ