Џек дела Мадалена ќе ја брани титулата во полусредна категорија следниот викенд, а за противник го има Ислам Махачев. Австралиската ѕвезда се враќа во октагонот првпат откако го нокаутира Белал Мухамед претходно оваа година, а сега ќе биде главен на УФЦ-настанот „322“ во Њујорк.

Дела Мадалена има шанса да ја прекине победничката серија на Махачев, која моментално е најдолга во организацијата. Во својата последна борба против Мухамед, тој се соочи со врвен борач и очекува сличен пристап од Ислам Махачев. Сепак, верува дека има совршен план да го скрши отпорот на Дагестанецот и да постигне победа со нокаут.

  • Мислам дека ова ќе биде слично на борбата со Белал. Ислам ќе се обиде да ме собори, но верувам дека можам да се вратам на нозе во секоја рунда, да го удрам стоечки, да му нанесам штета, да го срушам, а потоа да завршам – порача Мадалена.

ИЗДВОЕНИ