Челниците на НБА-лигата го казнија тренерот на Далас, Џејсон Кид, со 35.000 долари за јавно критикување на судењето и за користење навреди во текот на интервју за медиумите. Кид го изрази своето незадоволство по поразот на својот тим од Хјустон, во „Тојота центарот“.
Додека губеа „ракетите“ со 109:107, Флег тргна во напад од левата страна, беше удрен од Амен Томпсон и промаши шут 25 секунди пред крајот на натпреварот. Кид смета дека требало да се досуди прекршок во ситуацијата, за што зборуваше на прес-конференцијата по натпреварот.
- Го видов прекршокот. Судиите Шон Рајт, Сајмон Џелкс и Џејсон Голденберг беа ужасни вечерва. Тоа е неприфатливо. Тоа е прекршок! Флег требаше да биде на линијата за слободни фрлања. Дали ќе ги погоди двете, тоа зависи од играчот. Но, судиите не си ја завршија работата вечерва. Тие беа катастрофални! – беше изјавата на Кид.











