Ѕвездата на Бостон селтикс, Џејлен Браун (29), е казнет со 35.000 долари поради критикување на судиите по поразот од Сан Антонио со 100:95, на натпревар од НБА.

  • Уморен сум од недоследноста и ќе ја прифатам казната, но уморен сум секогаш кога играме против добар дефанзивен тим, бидејќи судиите не сакаат да досудат фаули во наша корист, а потоа го досудуваат секој допир на другата страна како да играме премногу агресивно. Многу фрустрира тоа. Спарс е добар дефанзивен тим, но не е толку добар. Се надевам дека некој ќе направи видео од сите сомнителни ситуации – рече Браун.

Тој конкретно го критикуваше судијата Кертис Блер.

  • Кертис беше ужасен вечерва. Не ми е грижа, нека ме казнат колку што сакаат, но ова беше лудо! – додаде тој.

Соодносот на слободни фрлања на тој натпревар, исто така, оди во прилог на коментарите на Браун: Селтикс изведе само четири, а Спарс 20 слободни фрлања.

ИЗДВОЕНИ