Џејкоб Вајли е повторно дел од сениорската репрезентација на Македонија. Американецот со македонски пасош ќе ѝ помогне на Македонија да го затвори рекетот и со својата физичка доминација да ја засили онаа внатрешна линија во селекцијата, која ова лето ќе игра претквалификациски мечеви за пласман на СП во 2027 година.
- Искрено сум пресреќен што дојдов овде по неколку години пауза. Мотивацијата е на највисоко ниво. Штом стапив во контакт со луѓето од Федерацијата, прифатив без многу размислување. Среќен сум што со мене дојде и моето семејство, кое „во живо“ ќе ги следи моите настапи за македонската репрезентација. Едвај чекам повторно да го облечам дресот на Македонија – истакна Вајли.