Кога впечатоците од церемонијата на доделување награди се смирија и јавноста на социјалните мрежи имаше можност подетално да ги погледне фотографиите и видеата од настанот, виде нешто неочекувано.
Веќе пишувавме многу за нејзината беспрекорна креација Jean-Louis Scherrer Haute Couture од колекцијата 2023. Самиот фустан беше направен од проѕирен материјал, но и од декоративни форми што ги покриваа нејзините интимни делови.
Сепак, кога впечатоците од церемонијата на доделување награди се смирија и кога јавноста на мрежите доби можност подетално да ги погледне фотографиите и видеата од настанот, виде нешто неочекувано, или поточно, грешка во шминкерскиот изглед на познатата Џеј Ло.
Во видеото објавено од Vogue, беа забележливи погрешните контури на нејзиното лице – пределот околу очите беше значително посветол од остатокот од лицето.
Многумина ја обвинија шминкерката на Џенифер за овој пропуст и истакнаа дека ова не требало да се случи.
„Кој заборави да ја изедначи шминката?“, „Нејзиниот шминкер ја сака колку што ја сакаме и ние“, „Нема блендирање? Не треба ли шминката да одговара на нејзиниот стил?“, се само дел од коментарите.
@voguemagazine #jlo proves less is more at the 2026 #goldenglobes ♬ original sound – unknown – sachie ୨ৎ












