Новата победничка, Џастис Кели, која ја претставуваше Вирџинија, беше крунисана на 27 август во Мајами; таа стана првата мајка и првата мажена жена што некогаш ја освоила оваа титула. 75-тиот избор за „Мис на Америка“, на кој 50 натпреварувачки се бореа за круната, се одржа во Центарот за изведувачки уметности „Адриен Аршт“ во Мајами.
Овогодишниот натпревар го носеше насловот „75 години икони“ во чест на историскиот јубилеј на изборот.
Титулата ѝ припадна на 31-годишната Џастис Кели – поранешна Мис Вирџинија САД – која ја прими круната од минатогодишната победничка, 24-годишната Одри Екерт.
Победата на Кели е историска, бидејќи таа станува првата мајка што ја носи титулата Мис САД. Ова беше овозможено со промените на правилата воведени од организацијата во 2023 година, со кои се укина горната старосна граница за натпреварувачките и се дозволи учество на мајки. Кели исто така ќе биде и првата мажена жена што ја освоила титулата Мис САД.
Овогодишниот натпревар беше посветен на жените кои ја носеле круната на Мис САД во изминатите 75 години.
Непосредно пред прогласувањето на победничката, поранешните носителки на титулата беа поканети на сцената за да им се оддаде признание за претставувањето на оваа престижна титула во текот на последните пет години.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram











