Кошаркарот на Дубаи и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Џанан Муса (26), откри за шпанските медиуми што нуди неговиот нов тим. Дубаи беше дебитант во АБА-лигата минатата сезона, оваа сезона првпат игра и во Евролигата, а поради големата оддалеченост од градовите во кои играат, кошаркарите често се во авиони – затоа им е потребен луксуз.
- Има многу кревети… околу 20 во авионот. Обично играме карти, со часови. Но, кога сакате да спиете, можете да го правите тоа мирно, откри Муса пред натпреварот против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид, кој Дубаи го доби со 93:85 во рамки на 27. коло од Евролигата.











