Иако важат за еден од најпознатите спортски парови во светот, Ерлинг Халанд и неговата долгогодишна партнерка Изабел Хаугсенг Јохансен водат изненадувачки мирен и едноставен живот далеку од фудбалските терени и камерите.

Во интервју за норвешките медиуми, Изабел откри како изгледа нивното секојдневие, а признанието за нивните заеднички вечери изненади многумина.

  • Малку ќе се засрами што го кажувам ова, но Ерлинг сака да игра видеоигри. Играме „Мајнкрафт“ заедно, градиме куќи и, едноставно, уживаме. Тој често готви вечера, а кога одиме во Брине, знаеме да нарачаме ќебапи , изјави таа.

Наместо луксузни забави и гламурозни излегувања, еден од најдобрите напаѓачи во светот слободното време го минува играјќи видеоигри и готвејќи за својата сакана.

Халанд и Изабел се во врска од 2021 година, а кон крајот на 2024 година станаа родители на син.

И покрај огромната светска популарност на голгетерот на Манчестер сити, двајцата се трудат да го задржат приватниот живот далеку од очите на јавноста.

Изабел призна дека тоа не е секогаш лесно и дека постојано се обидува да најде рамнотежа меѓу јавниот и приватниот живот.

  • Сакам да го заштитам моето семејство, но истовремено сакам луѓето да имаат можност да ме запознаат како личност. Најтешко е да се најде границата помеѓу приватниот и јавниот живот, истакна таа.

Нивната љубовна приказна почнала уште во детството во родниот Брине, каде што првпат се запознале.

Подоцна, кога Халанд заминал во Борусија од Дортмунд, токму Изабел го направила првиот чекор и повторно стапила во контакт со него.

Оттогаш тие се неразделни, а нивната врска стана една од најстабилните во светот на фудбалот.

Неодамна и самиот Халанд на шега изјави дека „никогаш нема да најдете девојка ако постојано ја барате“, додавајќи дека љубовта доаѓа сама кога ќе дојде вистинскиот момент.

ИЗДВОЕНИ