Видео што кружи по социјалните мрежи ги открива последните моменти од животот на деветнаесетгодишната Тијана од Нови Сад, која во средата загина при парасејлинг во црногорскиот град Будва. Таа се откачила од кабелот со кој била врзана за глисерот што јас влече со падобранот и од 50 метри паднала во морето.
На видеото се гледа како таа со паничен израз на лицето околу 30 секунди се обидува да го откачи кабелот.Го фаќа падобранот, го соблекува елекот, по што успева да го откопча кабелот и со главата надолу паѓа во водата.
Причините за оваа несреќа што го потресе регионот ги истражуваат црногорските наделжни органи, но според снимката се претпоставува дека девојката ја фатила паника на самиот почеток на летот, но не е исклучена ниту можноста за самоубиство.
Нејзините пријатели од Нови Сад не веруваат во можноста таа самата да си го одземала животот. Вечерта по несреќата, како што пишуваат српските медиуми, тие стоеле пред зградата во која живеела Тијана и плачеле.
-Таа беше на одмор во Црна Гора. Немаше никакви индикации дека ќе си наштети, изјавиле пријателките низ солзи за „Блиц“.
Несреќната девојка последните неколку денови објавила повеќе фотографии од престојот во Будва на својот Инстаграм профил и апсолутно никој не можел да претпостави дека ќе се случи таква трагедија.
Парасејлингот е многу популарен адреналински спорт, особено кај младите, а како што е наведено на веб-страницата на агенцијата преку која Тијана го резервирала парасејлиног, летањето е на височини до 400 метри и трае околу 15 минути, додека целата тура е до еден час.