Новинарот Вехби Халити, кој живее и работи во Грац, за медиумите изјави дека меѓу жртвите има и девојче од Косово. Се работи за Леа Б., од Витина.
Веста за трагедијата ја потврди и претседателот на општина Витина, Сокол Халити, кој упати сочувство до семејството.
„За жал, ова што го кажувам е точно. Таа е ќерка на еден од нашите активисти овде во Грац. Ова е една од најголемите трагедии во Австрија од Втората светска војна“, рече Халити.
Тој истакна и дека го идентитетот на девојчето, но дека не сака да ги открие.
Поранешниот ученик на училиштето, Артур А., утрово околу 10 часот влегол во училиштето со две огнени оружја и почнал да пука кон учениците и наставниците. Во масакрот загинаа десет лица, меѓу кои и многу деца.
По крвавиот масакр, напаѓачот се самоубил.