Девизните резерви во пораст, годината заврши со 4,9 милијарди евра

16

На крајот од декември 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваа 4.925,3 милиони евра, и во однос на претходниот месец бележеа зголемување за 63,1 милион евра, објави Народната банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2 проценти), по што следуваат монетарното злато (16,5 проценти) и валутите и депозитите (9,3 проценти).

Како што неодамна изјави гувернерот Трајко Славески, девизните резерви се повисоки за околу 50 проценти во однос на 2019 година и се на комотно ниво, кое гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба.

– Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментов изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди – рече Славески.

ИЗДВОЕНИ