Девизните резерви, на крајот на јануари, годинава, изнесувале 5,6 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8 %), по што следуваат монетарното злато (16,8 %) и валутите и депозитите (8,4 %).












