Девизните резерви на крајот на август 2025 година изнесувале 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра, соопшти Народната банка.
На крајот на август 2025 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.754,4 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 84,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,6%), по што следуваат монетарното злато (13,6%) и валутите и депозитите (11,7%).