Плејмејкерот на Феникс, Девин Букер (28), кој е и најдобар стрелец на клубот на сите времиња, се согласи на двегодишно продолжување на договорот. Тој е таму од почетокот на својата НБА-кариера во 2015 година.
- Букер, суперѕвездата на Санс, се согласи за двегодишно продолжување на договорот, од 145 милиони долари со франшизата, што ќе го задржи во франшизата до 2030 година, со најголемо продолжување на платата во историјата на НБА – објави изворот Шамс Чаранија.
Тој дава детали за договорот.
- Букер и сопственикот Мат Ишбија се сретнаа во Лас Вегас за да го финализираат договорот, што ја зацврсти посветеноста на Букер кон Санс и неговиот проект како лидер на клубот. Тој сега ќе заработи вкупно 316 милиони долари во следните пет години – додаде Чаранија.