сабота, февруари 7, 2026
Дома СКОПСКА Деветтодделенците од Кисела Вода на бесплатна полуматурска забава 

Деветтодделенците од Кисела Вода на бесплатна полуматурска забава 

151

Општина Кисела Вода денеска ја организира првата заедничка, бесплатна полуматурска забава за сите ученици од деветто одделение на нејзината територија.

-Горди сме што сме првата општина што не само што слуша, туку и постапува од срце за својата младина. Веруваме дека секое дете заслужува еднаква можност за спомени, радост и прослава – без разлики, без поделби. Оваа иницијатива е поттикната од вредностите кои ги градиме заедно: вклученост, еднаквост и заедништво – вели градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Оттаму додаваат дека вечерва ги очекува забава полна со музика, енергија, смеа и моменти што ќе ги паметат засекогаш.

-Ова не е само прослава , ова се спомени што се градат за цел живот. Нека оваа вечер биде потсетник дека вистинските вредности почнуваат од тука – од заедништво, од поддршка, од срце – порачува Ѓорѓиевски.

 

ИЗДВОЕНИ