Деветгодишно девојче по потекло од Македонија се удави во река во Италија

71

Деветгодишно девојче по потекло од Македонија се удави во Италија кога беше однесено од струите во реката Пјаве, каде што си играла со своите другарчиња, пред очите на своите родители.

Трагедијата се слкучила додека девојчето се капело со своите браќа. Веднаш била подигната тревога, а пожарникарите и карабинерите брзо пристигнале на лице место. За вадење на телото се погрижиле нуркачите од противпожарната бригада. Потрагата траела долго, се додека телото на девојчето не било најдено меѓу карпите.

Девојчето било со своето семејство на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.

Според некои медиуми, девојчето било родено во Италија, но нејзините родители биле од Македонија, па се преселиле во Италија.

ИЗДВОЕНИ